Шведскиот институт отвори повик за пријавување за студентски стипендии. Повикот е отворен до 16 јануари 2017 година, а е наменет за студенти од одредени земји за мастер студии во Шведска, со почеток од зимски семестар 2017 година.
Периодот за аплицирање за стипендиите се отвора со првиот чекор за пријавување, на 1 декември 2016, а трае до 16 јануари 2017. Потоа, следува подетален, втор круг на апликации за успешните кандидати од првиот круг, во периодот од 1-10 февруари 2017.
Стипендијата ги покрива трошоците за школување (исплатени директно на шведскиот универзитет/колеџ во кој ќе студира кандидатот, од страна на Шведскиот институт) и трошоците за живот, во износ од 9 илјади шведски круни месечно.
Повеќе детали за апликацијата, условите и програмата можат да се најдат на следниов линк.