Центарот за иновации во креирањето политики (Center for Policy Innovation) објави повик за студенти и млади од државите на Западниот Балкан за нивната програма за иновации во креирањето политики.
Целта на програмата е да даде можност младите да откријат нови информации за иновациите во креирањето политики, да научат нови вештини и да бидат дел од новите трендови во решавањето на општествените предизвици.
Програмата е предвидено да се реализира во периодот од септември до декември оваа година. Учесниците ќе бидат дел од повеќе активности поврзани со дизајнирање проекти и нивна имплементација, истражување и креирање политики, јавни комуникации и други задачи кои ќе бидат одредени индивидуално со секој учесник.
Аплицирањето за оваа програма е отворено до 23 јуни. Повеќе информации можете да најдете на следниов ЛИНК.