Во рамки на годинешното четврто издание на „Младински филмски фестивал“ (МФФ), кое ќе се одржи од 30 август до 1 септември во Скопје, се објавува повик за средношколци и студенти за реализација на долгометражен документарен омнибус за новата скопска музичка сцена.
„Пријавените учесници ќе бидат поделени во групи и ќе работат на изработка на еден краток документарен филм за еден млад бенд, со еден ментор (млад и дипломиран филмски режисер)“, информираат од МФФ.
Работилницата ќе трае три дена, односно секој тим ќе работи и ќе се договара за 3 работни дена во еден од периодите од 10-15, 15-20 или 20-25 август.
„Девет режисери снимаат девет кратки креативни документарци за бендови, а ваша задача е да се приклучите на тимовите и заедно да направите завршен филм од идеја до реализација“, велат од МФФ.
Учеството во работилницата е бесплатно, а пријавите се отворени до 10 август.
МФФ ја организира работилницата во соработка со „Гола Планина Колектив“ и кафе и филм „Котур“.
View this post on Instagram
Инаку, овогодинешното издание на МФФ ќе се одржи на повеќе локации во Скопје, со поголема програма и во повеќе фестивалски денови. До овој момент, има пристигнато 1697 филмови.