Повик за работилница за новинари и студенти по новинарство за „изработка на инклузивни и недискриминаторски стории“

Во рамки на проектот за менување на негативните наративи за Ромите во здравствените институции, кој е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија, ХЕРА објавува повик за учество во работилница за новинари и студенти по новинарство на тема „Предизвиците на истражувачкото новинарство во дигиталната ера“.

Еднодневната работилница е наменета за подобрување на знаењата и вештините за изработка на инклузивни и недискриминаторски стории во медиумите; основи на истражувачко новинарство и користење на социјалните медиуми во креирање на успешна медиумска сторија и сензибилизирање на новинари и стекнување напредни знаења за социо-културните карактеристики на Ромите и менување на негативните наративи за Ромите помеѓу општата популација и здравствените работници.

Предавачи на работилницата ќе бидат Санта Аргирова, уредничка и новинарка, Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и Љатифе Шиковска, активистка од НВО „Амбрела“.

Покрај проширувањето на знаењата од областите кои ќе бидат опфатени со работилницата, студентите по новинарство ќе имаат можност и да учествуваат во процесот на подготовка на истражувачки видео-прилог или статија, како последователна активност од работилницата.

Повеќе информации за повикот и начинот за пријавување можете да најдете ОВДЕ.