Центарот за интеркултурен дијалог, во соработка со партнери од Србија, Албанија, Финска, Хрватска, Шпанија, Литванија и Косово објавува јавен повик за три бесплатни онлајн курсеви.
Онлајн курсевите имаат флексибилен распоред кој им овозможува на учесниците да го прилагодат своето учество на нивните тековни потреби. Предавањето трае од 20 минути до 4 часа неделно, а курсевите траат од 1 до 3 недели. Она што е најважно, е дека курсевите се бесплатни за секој кој е заинтересиран.
Јазикот на наставата е англиски. Курсевите ќе започнат во септември.
Во продолжение, листата на онлајн курсевите:
Културна перспектива на родовата еднаквост – Во овој курс, се разговара за концептот на родова еднаквост, но и се разгледуваат родовите улоги преку историската перспектива во западната култура што ги опфаќа и мажите и жените. Овој курс не само што треба да даде теоретско разбирање на тековната ситуација во однос на половата еднаквост, туку и да поттикне прашања за актуелното секојдневно однесување: колку тоа е под влијание на родовите улоги.
Повеќе информации можете да се најдат на следниот линк, а формуларот за апликација овде.
Неформално учење: Мојата втора шанса – Целта на овој онлајн курс е учесниците да се запознаат со неформалното образование и како компетенциите и вештините стекнати преку него може да бидат од корист за луѓето во сите полиња од животот. Овој курс е за секој кој има интерес за младинска работа и работа со млади луѓе. Но, тоа би можело да биде особено од интерес за практичарите од доброволниот сектор (вклучувајќи ги волонтерите), младинските работници, менаџерите за човечки ресурси, возрасните волонтери, родителите и наставниците.
Повеќе информации можете да најдете тука, а формуларот за апликација овде.
Обука на тренери: Слушнете го гласот на младите!– Оваа обука се занимава со учество на младите во заедницата, демократските процеси и општеството. Се појавуваат се повеќе и повеќе пристапи за промовирање на учеството на младите во институциите и организациите и мора да знаеме како да ги искористиме. Овој курс е фокусиран на улогата на обучувачи и олеснувачи како клучно прашање за ревитализација на младинските простори и анализира како младите луѓе учествуваат во демократските процеси, како и споделуваат добри практики во оваа област.
Повеќе информации можете да најдете тука, а формуларот за апликација овде.
Патување до самодоверба – На овој курс ќе се запознаат некои основни концепти поврзани со самодовербата и примена на едноставни техники кои ќе овозможат да се научат и да се практикуваат вештини кои може да се применат во областите на ниско самопочитување и доверба. Низ нив ќе се обидеме да добиеме повеќе свест за нашите достигнувања, предности и можности, но, исто така, ќе научиме како да ги надминеме „слабостите” и да ги избегнуваме „заканите”.
Повеќе информации можете да најдете тука, а формуларот за апликација овде.
Младинско вработување – Главната цел на овој онлајн курс е да ги информира младите луѓе за зајакнување на можностите за вработување преку е-учење. Овој курс ќе ги поддржи младите луѓе да ги градат своите вештини за успешна апликација за работа, да подготват добра биографија, мотивациско писмо и како да бараат можности за работа.
Повеќе информации можете да најдете тука, а формуларот за апликација овде.
Овој проект е финансиран од Еразмус + Програмата за млади во акција на Европската комисија.