Центар за Интеркултурен Дијалог (ЦИД) со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, распиша повик за учесници на школата против говор на омраза која се организира по четврти пат од 4 до 8 ноември. Школата е отворена за младински работници, студенти, активисти кои се мотивирани да ги развијат своите вештини во справување со говорот на омраза.
Главната цел е да се обучат како да се справат со дискриминација, нетолеранција, говорот на омраза и подемот на насилство преку едукација за човековите права. Обуката треба да ја подигне свеста за ефектите кои говорот на омраза ги има врз младите, како превентива за злосторства од омраза. Право на учество ќе добијат 20 учесници кои ги исполнуваат следните услови:
- Да се над 18 години
- Да се во можност да учествуваат во текот на целата обука, и по обуката активно да се вклучат во спроведување на активности
- Да се средношколци, студенти, младински работници и/или едукатори, претставници на младински организации од Македонија, активисти
- Да имаат основни познавања за организирање на образовен настан како на пример работилница
- По завршување на обуката да се во можност за реализација на кратка активност во околината во која дејствуваат
Обуката се реализира од страна на обучувачи и експерти од сферата. Сите заинтересирани можат да се пријават преку потполнување на формулар за учество кој може да го најдете на овој линк: https://goo.gl/5cmrNa . Краен рок за пријавување е 19 октомври. За дополнителни информации сите заинтересирани може да се обратат на тел: +389 71 390 187 или по е- пошта matej@cid.mk и/или milos@cid.mk.