Во рамки на подготовките за второто издание, фестивалот за јапонска култура „Нихон-џи“ распиша повик за учесници.
Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани уметници-љубители на Јапонија и јапонската култура да се пријават со свои дела – слики, фотографии, дигитални илустрации, инсталации, скулптури, на фестивалот.
Тие дополнуваат дека темата на овогодишното издание на фестивалот е „Неонски бранови“.
„Идејата е вашите уметнички дела да го отсликаат начинот на кој технологијата природно се претопува во јапонската култура и како тоа ја инспирира појавата на нови уметнички изрази и вашата креативност.
Откако ќе биде пополнет бројот на пријавени, секој од пријавените ќе биде исконтактиран лично преку мејл со кој ќе биде известен за начинот на доставување на делата“, велат организаторите.
Рокот за пријавување на делата е до 1 мај 2023 година, а заинтересираните можат да се пријават ТУКА.