Радио МОФ и годинава организира здружена работилница по новинарство која ќе се одржи во состав на настанот „Станица студентска“, на 18 декември во новиот дел на Универзитетска Библиотека.
Работилницата ќе функционира од 12 до 18 часот и ќе преставува редакција за млади новинари кои под уредништвото и менторството на новинарката Јасмина Јакимова ќе пишуваат за активностите кои ќе се одвиваат за време на „Станица студентска“.
Целта на работилницата е сите учесниците низ практичната теренска работа да ги подобрат своите новинарски вештини.
Повикот за учество на работилниците е отворен за сите млади кои сакаат да го збогатат своето новинарско искуство и знаења, но и да се инспирираат и научат повеќе од искусните новинари. Работилницата не е наменета само за новинари туку и за млади луѓе без новинарско искуство, но кои сакаат да пишуваат и истражуваат.
Работниот јазик за работилницата е македонски. Сите заинтересирани за аплицирање, треба да се пријават со пополнување на апликацијата подолу, најдоцна до среда (17 декември) напладне.
Текстовите кои ќе бидат изработени во текот на работилницата ќе бидат објавени на блогот на „Станица студентска“.