Центарот за младинскиот активизам Крик во соработка со Бизнис академија Смилевски објавува повик за учесници на работилници кои ќе се реализираат во Скопје овој месец. Целта на работилниците е да се даде пристап на младите кон младинска работа на територијата на Скопје.
Програма: Кога ќе пораснам сакам да бидам…!
За кого: Програмата е наменета за млади на возраст од 15-20 години.
Тема: Вовед во претприемништво и различни видови на професии.
Цели на програмата:
- Развивање на комуникациски вештини
- Градење на тимска работа
- Запознавање на учесниците со основите на претприемништвото
- Запознавање на учесниците со различни видови на професии и различни видови на бизниси
- Објаснување на различни процеси на работа
- Нацрт планови за исполнување на сопствени и лични цели
Кога: Декември 2015
Првата работилница е предвидена да започне на 19.12.2015 сабота. Вкупно ќе се реализираат 3 работилници со времетраење од 2 часа и 30 минути.
Работилница 1 19.12.2015 со почеток од 12:30 часот
Работилница 2 20.12.2015 со почеток од 12:30 часот
Работилница 3 26.12.2015 со почеток од 12:30 часот
Завршен настан-делење на сертификати
Каде: Бизнис Академија Смилевски БАС, Скопје (до Веро Аеродром)
Младински работници: Фацилитатор на оваа програма е Мартин Јовчевски, млад претприемач.
Работилниците се базирани на методи и техники на неформалното образование и вклучуваат работа во групи, креативни методи и сл.
Заинтересираните за учество во програмата можат да аплицираат на следниот линк.
Временска рамка:
- Отворен повик за учесници 05-14.12.2015
- Известување на селектираните учесници за почеток на програмата 15-17.12.2015
- 19-26.12.2015 Реализација на работилниците и завршен настан.
Доколку имате дополнителни прашања за програмата пишете ни на infokrikcenter@gmail.com