Школата за активно граѓанство се организира за млади, претставници на граѓански организации и неформални групи, со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи.
Во рамки на Школата за активно граѓанство, Форум-Цeнтар за стратешки истражувања и документација (Форум ЦСИД) објавува повик за десетта група на учесници кои ќе посетуваат два модули обуки во текот на 2016 година. Првиот модул ќе се одржи во октомври, а вториот во ноември 2016 година.
Првиот модул е воведен и тој ќе има за цел да ги запознае учесниците со основните поими и алатки потребни за активно граѓанско учество. Темите што ќе бидат обработувани ќе опфатат:
- Вовед во Поимникот за граѓанско општество;
- Структура на општеството и местото на граѓанскиот сектор;
- Граѓанска иницијатива;
- Граѓанинот/граѓанката, неговото/нејзиното место и можноста за активно учество во јавната сфера (држава, политика, граѓанско општество, медиуми).
Вториот модул ќе биде насочен кон усвојување и развивање практични алатки поврзани со:
- Односи со јавноста и со властите како дел од граѓанскиот активизам;
- Комуникација со медиумите;
- Говорнички вештини.
Критериумите што треба да ги исполнуваат кандидатите се:
- старосна граница: 18-35 години;
- активно членство во граѓанска организација или неформална група.
При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групата, како и вклученоста на лицата со попреченост.
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија (CV) заедно со писмо за мотивација на е-маил: mihajlovska@forum-csrd.org.mk.
* Со оние кандидати кои што ќе влезат во потесната селекција ќе биде направено интервју.
Рокот за пријавување е 15 септември, 2016 година.