Здржението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола, во периодот од 09-13 јануари 2017 година ќе го спроведе проектот „Академија: Кој ако не младите? Кој ако не ти?“ (Who if Not You(th) Academy). Академијата ќе се одржи во Битола со 25 учесници на возраст од 16 до 20 години, од руралните и урбаните места во општините: Прилеп, Битола, Крушево, Струга и Охрид.
Академијата е нова етапа на истоимената младинска иницијатива која имаше за цел го поттикне младинскиот активизам, неформалното образование и да ги информира младите на теми неопходни за нивниот личен развој. Овој пат, Академијата ќе го промовира младинско лидерство, претприемништвото и активизмот преку неформално образование, а ќе вклучи и мониторирање на локални активности организирани од страна на учесниците во нивните заедници. Програмата ќе се одвива на македонски јазик.
Сите млади на возраст од 16-20 кои се заинтересирани, можат да се аплицираат за учество на овој линк.