Повик за учество на хакатон на УГД – Штип за креативни решенија во здравството

Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип по вторпат организира дводневен хакатон во периодот 23-24 март 2018 на тема „Креативни решенија во здравството”. На хакатонот може да се пријавуваат тимови од студенти и средношколци од Република Македонија.

Учесниците ќе можат да изработуваат различни апликации кои би покривале различни аспекти од здравството и здравствената заштита, а би биле од корист на различни категории на луѓе, на пример, здравствени работници, болни лица, стари и изнемоштени лица, деца со посебни потреби, и сл. Апликацијата може да биде изработена во било која технологија и од било кој тип (веб апликација, мобилна апликација, десктоп апликација, и сл).

По овој повод е распишан Конкурс на којшто можат да се пријават сите заинтересирани студенти и средношколци со своите тимови кои ќе учествуваат во овој маратон по програмирање. Тимовите може да бројат од 3 до 5 члена.

Формуларот за пријавување, може да го преземете од следниот линк формулар за регистрација, пополнете го и пратете го на: hakaton@ugd.edu.mk

Краен рок на пријавување: 19 март, 20 часот.

На крајот, секој тим ќе има можно јавно да ја презентира изработената апликација пред комисија составена од професори на ФИ, УГД и двајца поканети специјалисти од приватниот сектор, која ќе бира најдобри апликации. Сите учесници на хакатонот ќе добијат сертификат за учество.

Обезбедени се следните парични награди за најдобрите апликации:
• Прва награда за најдобра студентска апликација: 50.000 денари
• Прва награда за најдобра средношколска апликација: 20.000 денари
• Награда за оригинална идеја: 5.000 денари

Повеќе информации за хакатонот, може да најдете на http://fi.ugd.edu.mk/hakaton2018.