Ајде Македонија! и Работната група за животна средина на Мировниот корпус организираат конференција на тема: „Младите и животната средина“.
Годинава, конференцијата ќе се фокусира на доброволното учество на младите во животната средина и како да се започне граѓанското движење со еколошки цели. Конференцијата ќе се одржи во просториите на Меѓународната фондација „Борис Трајковски“, кои се наоѓаат спроти Универзална сала, со почеток од 9:30 до 14:30 часот.
Македонското Еколошко Друштво, НаТочак, и Екологисти без граници (Ekologi brez mej, Словенија) ќе имаат презентации за граѓанско дејствување, волонтерство, и основата на активизмот во животната средина. Конференцијата ќе заврши со активности во работни групи.
Местата за учество на конференцијата се ограничени, затоа се препорачува да се резервираат пополнувајќи го формуларот, достапен на овој ЛИНК.
„Дојдете, научете и споделете идеи за работата на младите во насока на подобрување на животната средина во Македонија“, се вели во поканата за настанот.