Како дел од националната и интернационалната мрежа на Млади репортери, а со цел да се заокружат нивните активности, се распишува конкурс за избор на најдобрите новинарски статии, фотографии и видеа.
Секој тим или ученик мора да одреди свој проект за истражување во кој ќе истражува одреден проблем од животната средина (мора да се одреди тема која ќе се истражува, активности кои ќе се спроведат и каква новинарска продукција ќе се користи).
Оваа учебна година фокусот е ставен на три главни теми за истражување: мојот зелен град, национален и локален биодиверзитет и одржлив транспорт.
„Млади репортери за животна средина“ е интернационална програма во сопственост на Фондацијата за еколошка едукација, која се спроведува како дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ и е наменета за средните училишта.
Конкурсот го распишува Здружение за едукација, комуникација и консалтинг ОХО како имплементатор на Програмата.
Повеќе информации за натпреварот има на овој линк.