Big Deal е натпревар од областа на деловното право наменет за студентите на правни студии. Натпреварот го организира адвокатсткото друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска во соработка со регионалната мрежа на адвокатски канцеларии Top-tier Legal Adriatic и со Правниот факултет „Јустинијан Први”.
Big Deal претставува симулација на Merger & Acquisition трансакции, односно трансакции во коишто се спроведуваат статусни промени на трговски друштва. Натпреварот трае од септември до декември 2016-та, и опфаќа работа на правна анализа (due diligence), документирање на замислено трговско друштво, изработка на извештај за правната анализа и преговори за изготвување на договор за пренос на удел.
Во подготовката на случајот, студентите ќе работат со проф. д-р Димитар Гелев, доц.д-р Биљана Петревска, м-р Петар Димитров и со искусни адвокати од адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска.
Покрај Правниот факултет „Јустинијан Први”, во овој проект ќе учествуваат и тимови од другите држави членки на Top-tier Legal Adriatic.
Прелиминарниот натпревар ќе се одржи во Загреб, а финалето во Белград. Минатата година, македонскиот тим се пласираше на четвртото место во финалето.
Натпреварот се одвива на англиски јазик, а трошоците за превоз и сместување се покриени од страна на организаторот.
Заинтересираните студенти можат да аплицираат со CV и со кусо мотивационо писмо (до 150 зборови) на biljana.delovnopravo@yahoo.com до 21 август 2016. Апликацијата треба да се наслови со “[Апликација за Big Deal] вашето име“. Од пријавените студенти се очекува солидно познавање на англискиот јазик. Искуство со јавно говорење, дебата или moot court ќе се смета за предност.