Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје, Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, ПНВ Публикации, Култура Бета заедно со Скопје Сити Мол ќе организира низа настани – „Денови на поезијата“ во периодот од 21 до 24 март оваа година.
По тој повод се организира и настанот „Скопје СИ ТИ“, предвиден за поддршка на младите поети почетници и за оние кои не објавиле ништо досега, со цел, како што се вели во повикот, да им се понуди шанса да бидат прочитани, видени и слушнати.
Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија и две свои песни на тема Скопје или, воопшто, урбана поезија, во Word документ на мејлот kulturabeta@yahoo.com најдоцна до 6 март.
Имињата на одбраните поети учесници на настанот ќе бидат објавени на 13 март на фејсбук и на инстаграм страниците на Култура Бета и ПНВ Публикации.
Настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во Скопје Сити Мол на 24 март, со почеток од 19:30 часот.