Фестивалот за креативни документарни филмови „МакеДокс“ во соработка со културниот центар „Кула“ организираат работилница за изработка на музички инструменти од секојдневни предмети.
Работилницата ќе се случува од 22 до 24 јуни во Куршумли Ан, со почеток од 11 часот и е отворена за деца и млади од 7 до 15 години.
„Не се потребни никакви вештини или предзнаења за учество на оваа работилница. Потребна е само љубопитност, желба за малку игра и соработка со други како тебе“, се вели во најавата.
Работилницата ќе ја водат Сандра Јовановска, Иван Антиќ и Сашо Н. Алушевски од „МакеДокс“, а заинтересираните треба да се пријават на hakfin@gmail.com најдоцна до 18 јуни.
На работилницата можат да учествуваат 15 деца и учеството е бесплатно.
Организаторите појаснуваат дека за некои од планираните изработки ќе бидат користени посериозни алати. На помалите деца ќе им биде ограничен пристапот до алатите, а поголемите деца ќе можат да користат некои од нив со помош и/или надзор од водачите на работилницата.
Целта на оваа работилница е да се врати играта и задоволството меѓу децата од рачното изработување на нешто по сопствена идеја.
Погледнете како би изгледало тоа: