Оваа година, за првпат во Македонија, се организира Национален натпревар за Microsoft Office Specialist, од страна на Certiadria, официјален партнер на Certiport за Македонија и регионот, заедно со Microsoft Македонија. На овој натпревар, натпреварувачите ќе имаат можност да се натпреваруваат покажувајќи ги своите вештини и познавања со полагање тест на Microsoft Office апликациите, односно Word, Excel и PowerPoint, од MS Office 2010 или MS Office 2013.
Право на апликација и учество имаат сите ученици од основните и средните училишта, и сите студенти на факултетите, кои се на возраст од 13 до 22 години, до 15 јуни, 2016 година. Националниот натпревар во Република Македонија ќе се одржува во Скопје и во уште неколку градови во два круга. Првиот квалификациски круг ќе се одржи во десетина средни училишта, факултети и тренинг центри ширум земјата. Најдобрите од овој круг влегуваат во финалниот натпревар, кој ќе се одржува во Скопје на 28 мај, 2016 година, и на кој победниците можат да се стекнат со многу вредни награди.
Најдобриот натпреварувач ќе ја има честа да ја претставува Македонија на светскиот натпревар во САД, каде што ќе може да се натпреварува за многу вредни награди од Microsoft. Светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist, кој го организира Certiport Inc., претставува глобален натпревар кој ги тестира вештините на учесниците во Microsoft Office апликациите, односно Word, Excel и PowerPoint. Овој глобален натпревар се одржува секоја година веќе 13 години по ред, а оваа година ќе се одржува во најпознатиот забавен парк во светот – Дизниленд, во Орландо САД.
За пријавување за натпреварот се пополнува апликацијата на веб страницата: www.certiadria.com. За повеќе информации, кандидатите можат да ни пишат на нашата е-адреса: contact@certiadria.com, или да се јават на телефонскиот број 078 44 18 67.
Овој натпревар за првпат се организира во Македонија, со поддршка од Microsoft Македонија, Стопанска Банка АД – Скопје, Здружение на информатичарите на Македонија, Град Скопје, Општина Струмица и СЕМОС Едукација.