Докуфест објави повик за учество во тренинг програма за изработка на документарен филм на која може да се пријават учесници на возраст од 18-25 години, од Косово, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Романија, Грција, Хрватска, Италија, Шпанија и Франција.
Одбраните учесниците ќе бидат поделени во групи и за време на работилниците во Призрен ќе можат да ги развиваат своите идеи, пишуваат и снимаат филмови под водство на избрани ментори. Крајната цел е да се направат два филма на тема идентитет, култура и граѓанство.
Обуката има две работилници, првата ќе се одржува од 5 до 17 април, а втората се планира за почетокот од август, 2016 година.
Проектот „Rec’on the future!“ има за цел да отвори простор за себеизразување на тема граѓанството и Европа, и притоа учесниците од земји што се и не се на ЕУ ќе можат да ги споделат своите гледишта. Апликацијата е достапна овде.
Краен рок за пријавување е 25 март, 2016 година. Сите трошоци за патување, храна, сместување се покриени од организаторите.
Проектот е организиран од Pistes Solidaires Méditerranée, го спроведува Докуфест, а финансиски е поддржан од програмата на Еразмус плус и Région PACA. Повеќе информации за проектот на следниот линк.