ХЕРА во рамките на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО) објавува повик за врснички едукаторки и едукатори.
Обуката опфаќа:
– I Дел: дводневна обука теоретско запознавање со седумте компоненти на ССО и тоа: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност.
Обуката ќе се одржи на 20 и 21 Февруари во Скопје.
– II Дел: тридневна обука за спроведување на работилници и процес на акредитација на врсничките едукатори. Овој дел ќе се одржи надвор од Скопје од 4 до 6 Март.
Сите учесници кои ќе ја поминат акредитацијата ќе станат сертифицирани едукатори и едукаторки на ХЕРА и ќе имаат можност да спроведуваат едукации на млади во текот на 2016 година.
ХЕРА ги кани сите млади кои се:
– на возраст од 19 до 23 години
– мотивирани да водат работилници за едукација на врсници
– имаат основни познавања за сексуално и репродуктивно здравје и права
– сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме
Пожелно е, но не е задолжително да се:
– активисти
– со волонтерско искуство во организации кои работат во полето на човековите права
– студенти и студентки на институтите за Род, Психологија, Филозофија, Социјална работа, Медицински факултет, Правен факултет и други.
Заинтересираните најдоцна до 12-ти февруари треба да испратат:
– Кратка биографија
– Писмо во кое ќе ја изразат својата мотивација зошто сакаат да бидат едукаторки и едукатори (најмногу 500 зборови)
Бројот на учесници е ограничен, а средствата за учество се покриени од страна на ХЕРА.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор можно е да бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Документите со назнака/предмет на пораката повик за обука на врснички едукатори можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта:seksualnoobrazovanie@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (повик за обука на врснички едукатори)