Здружението на граѓани Есперанца – Светски културен центар ги повикува заинтересираните учесници/чки да се пријават на еднодневната работилница, „Номадизмот како субверзивна практика во времиња на очај“ со Анастас Вангели, која ќе се одржи на 29 декември, како дел од проектот „Од дијаспора до различности“.
Номадизмот како субверзивна практика во времиња на очај
Оваа работилница претставува обид за критичко преиспитување на индивидуалниот номадизам на активисти и уметници кои се залагаат за општествена промена, од перспективата на субверзија. Номадизмот е ставен во контекст на економските услови по 2008 во Европа, а особено на европската периферија. Го анализираме номадизмот од социо-економски, социо-културни и индивидуално-бихевиорални перспективи. Притоа, дискусијата ја засноваме на академски извори но и на анегдотални докази. Ќе се обидеме да го надминеме конвенционално размислување за концептите како што се идентитет, миграција/мобилност, и дијаспора, како и романтизирањето на номадизмот во популарната култура. Ќе се користиме со Бурдјеовите концепти на хабитус и капитал, како и работата на Роџерс Брубејкер на теми како „отаде идентитетот“ и преминот од изучување на дијаспората како судбина кон нејзино изучување како практика (која притоа може да биде субверзивна).
Поконкретни концепти со кои интерактивниот дел од работилницата ќе се занимава се:
– Движечките сили на номадизмот кај активистите и уметниците – општествени и лични.
– „Безграничното“ сепство и преобликувањето на идентификациите како субверзивни механизми.
– Активизам на дистанца како форма на „дозната/remittance/ на културен капитал“ и форма на компензација.
– Цената на номадскиот живот – ментално здравје, „замрзнати врски“ и „замрзнати сфаќања“, изгубеност во превод, стапицата на прекарната работа.
Начин на пријавување
Нема генерациски, едукативни или какви било други ограничувања за учество во работилницата. Клучниот критериум е мотивацијата. За добра комуникација и интеракција, идеалниот број на учесници е 15.
Потребно е да се достави кратка биографија и кратко писмо за мотивација (до 15 реченици) на мејлот на ЗГ Есперанца, contact@esperanza-world-culture-center.org, најдоцна до 25 декември, кога ќе биде составена и конечната листа на учесници и сите заинтересирани ќе бидат известени за деталите (време, локација, агенда) на работилницата.
Анaстaс Вaнгели е дoктoрaнт нa Висoкaтa шкoлa зa општествени истрaжувaњa нa Пoлскaтa акaдемијa нa нaуки (ПАН) вo Вaршaвa, кaде е и истрaжувaчки aсистент при Интердисциплинарната прoгрaмa зa крос-национални истрaжувaња и тренинг (CONSIRT) која ПАН ја спроведува заедно со Универзитетот Охајо Стејт. Стипендист е нa Фoндaцијaтa ZEIT oд Хaмбург. Сoрaбoтувa сo ThinkIN China oд Пекинг, кaкo и Кoлaбoрaтивнaтa истрaжувaчкa мрежa зa еврoпскo-кинески oднoси при UACES. Негoвиoт истрaжувaчки фoкус е вo пoлетo нa дифузијa нa идеи и пoлитики, кoмпaрaтивнaтa пoлитичкa прoменa, oднoсите пoмеѓу Истoчнa Еврoпa и Кинa, и кинескaтa дoмaшнa и нaдвoрешнa пoлитикa. Aктивист e нa ЛД Сoлидaрнoст.
За проектот „Од дијаспора до различности“
Проектот „Од дијаспора до различности“ го реализира ЗГ Есперанца-Светски културен центар во соработка со Ремонт – независна уметничка асоцијација од Белград, Кунст ост од Грац и европската мрежа на менаџери во културата Оракл од Брисел. Проектот се занимава со редефинирање на поимот дијаспора во поширокиот современ контекст на глобализацијата, мобилноста, културниот номадизам и другите видови искуства на привремени и трајни изместувања од т.н. матични средини. Исто така, го истражува и значењето на културните разлики како и проблемите на интеграција во новите општествени околности. Во рамките на овој проект ќе се одржат десет еднодневни работилници, неколку изложби и конференција во Скопје, Белград, Грац, Казабланка, Хаг. Нив ќе ги водат, односно ќе учествуваат уметници, теоретичари, истражувачи, активисти и менаџери на културата кои во своите портфолиjа се занимаваат со темите на дијаспора, миграции, номадизам а и самите имаат искуство на прилагодување на нови општествени опкружувања.
Проектот се реализира со подршка на Балканскиот фонд за уметност и култура/ Balkans Arts and Culture Fund (www.balkansartsandculture.fund).