Здружението за заштита и едукација на деца и млади Роми „Прогрес” објави повик за пријавување на млади на возраст од 18 до 30 години за учество на работилница под наслов „Инклузија на млади Роми претприемачи за еднакви можности”.
Првата работилница од серијата работилници ќе биде одржана на 11 Јули (сабота) 2015 во Хотел Континентал Скопје.
На работилницата младите ќе се здобијат со теоретско знаење на тема претприемништво.
Целосната агенда за настанот ќе биде дополнително испратена на одбраните апликанти.
Апликациите можат да бидат доставени преку online aпликацијата или да се испратат основни податоци на оној што се пријавува, мотивационо писмо и дали личноста има претходно искуство на слични работилници на маил : roma.progress@yahoo.com најдоцна до 07/07/2015
Известени ќе бидат само оние кои ќе бидат одбрани за учество во работилницата.