Музејот на современа уметност објави Повик за учество на работилница за млади куратори и историчари на уметност во рамки на Биеналето на млади уметници насловена „Страст за лутање“.
„Заинтересираните студенти по историја уметност и младите куратори, кои сакаат да бидат дел од тимот, кој работи на реализација на биеналето, освен што ќе бидат инволвирани во процесот на продукција на биеналето во периодот од 10 до 22 мај 2021 година ќе имаат можност да стекнат и теоретско знаење во рамки на тридневни работилници предводени од куратори од МСУ, гости куратори и уметници, кои биле инволвирани во некои од светските биеналиња“, истакнуваат од Музејот.
Сите заинтересирани кандидати за практична работа на Биеналето на млади уметници, како и за затворените работилници треба да испратат мејл на info@msu.mk, најдоцна до 1 мај.