Студентската организација АИЕСЕК заедно со Прокредит банка организираат работилница за комуникациски вештини, која ќе се одржува овој четврток (16 мај) на Економскиот факултет при УКИМ.
Учесниците ќе учат што е неопходно за добра комуникација и како да ги подобрат личните комуникациски вештини.
„Важноста на комуникациските вештини е од големо значење при вработување особено во денешното динамично општество и со зголемената конкурентност која секојдневно расте на пазарот на трудот“, стои во повикот за работилницата.
Таа ќе трае 2 часа, а за учество потребно е претходно пријавување на следниот ЛИНК.