Цма Крик објавува повик за учесници на работилници кои ќе се реализираат во Скопје во период април – мај 2016. Целта на работилниците е да се даде пристап на младите кон младинска работа на територијата на Скопје. Програмата е наменета за млади на возраст од 17-26 години.
„Темата на делување се женските права и слободи. Ќе започнеме со краток историјат на женската борба за економска, политичка и социјална независност, за потоа да се направат компаративни анализи на ситуација на овие три полиња во 21 век“, велат организаторите.
Целта на програмата е да ги едуцира младите за најважните теоретски и историски случувања во однос на женските права и слободи, мерење на пулсот на младите луѓе во Скопје и нивните перцепции во однос на состојбата и перспективите на женското прашање во Македонија и утврдување на нови методи и концепти за работа со млади на тема женски права и слободи.
Првата работилница е предвидена да започне на 16.04.2016 сабота. Вкупно ќе се реализираат 4 работилници (по една работилница неделно во текот на викендот) со времетраење од 4 часа. Последната работилница ќе се реализира на 14.05.2016 а во месец јуни е предвиден завршен настан и завршна забава. Работилниците ќе се одржуваат во канцелариите на Цма Крик во Стара Чаршија (Безистен).
Предавачи ќе бидат Маријана Јанческа и Ирена Крстева. Повикот за учесници е отворен до 11 април, а може да се пријават на следниот ЛИНК. За повеќе прашања може да се обратат на irena.krsteva@gmail.com.
Програма:
16.04.2016 Работилница 1 Женски права и слободи, речничко дефинирање и краток историјат
23.04.2016 Работилница 2 Пионерки и патиштата кои ги изградија
07.05.2016 Работилница 3 Женското тело како поле за борба
14.05.2016 Работилница 4 Моментална состојба, предизвици и перспективи