Повик за учество на семинари: Архиви на насилство – генеалогија на отпорот

Во ГЕМ клубот од 27 до 29 јануари ќе се одржат семинари предводени од Борис Буден и Петар Милат на тема „Архиви на насилството- генеалогија на отпорот“.

Семинарите се во организација на Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики.

Резиденцијалниот модул „Архиви на насилството- генеалогија на отпорот“ пак е дел од поширокиот концепт „Лаборатории на параестетичкото“ кој Контрапункт го креираше во рамки на проектот „Проширено естетско образование“. Низ овој резиденцијален модул ќе се одвиваат повеќе предавања и семинари во периодот на 2015/2017 година.

Истражувачкиот модул „Архиви на насилство“ којшто Контрапункт го започна во 2015 година, има за цел да го истражува и презентира процесот на архивирање на насилството во 20 и 21 век. Насилството сфатено историски, социо-културно, дискурзивно, теориски, критички, а артикулирано преку разни уметнички практики.

Во оваа втора фаза, фокусот на истражувањето ќе биде ставен на истражување на односите помеѓу насилието и отпорот. Како ќе се обликува социо-културниот контекст преку феномените на обликување на отпорот во дискурзивните пори на општеството но и во директните политики и уметнички практики. Дали во услови на граѓанска амнезија и социо-културно и државно насилство може да се обликува нова форма на отпор кон постоечките системи на мислење и политичко дејствување. Со овој модул ќе се истражат формите на баланс и вземност помеѓу отпорот и покорувањето, разните формати на ирзазување во социо-културниот простор, преку кои субјектот се поставува како столб на судирот во човековата политичка и уметничка продукција.

Биографии:

Борис Буден е писател, критичар на културата и преведувач. Тој е еден од најпровокативните политички филозофи и мислители во регионот и во Европа. Студирал филозофија во Загреб и докторирал во областа на Културна теорија на Хумболт универзитетот во Берлин. Во текот на 1990-те е еден од уредниците и публицисти во списанието Аркзин, Загреб. Неговите есеи и текстови покриваат теми од филозофијата, политиката до културна и уметничка критика. Меѓу неговите преводи на хрватски јазик се вбројуваат и две значајни книги од Сигмунд Фројд. Негови текстови се објавени во бројни печатени изданија вклучувајќи ги и BAK publication Concerning War: A Critical Reader in Contemporary Art (2006/2010) and Art and Contemporary Critical Practice: Reinventing Institutional Critique (2009). Буден е автор на следниве книги: Барикади, Загреб 1996/1997, Шахтата од Вавилон: Дали културата е преводлива?, Берлин 2004, (Вавилонска јама, Белград 2007), Превод: Ветувањата на концептот (со Стефан Новотни) (2008) и Зона на транзиција: За крајот на посткомунизмот, Белград 2012. Во моментов Буден е гостин – професор на Факултетот за Дизајн и уметност, Баухаус Универзитет, Вајмар. Живее и работи во Берлин.

Петар Милат е филозоф и директор на Мултимедијалниот институт, МаМа (Загреб, Хрватска). Тој, исто така, ја координира издавачката и музичката програма во рамките на Мултимедијалниот институт. Заедно со Томислав Медак тој е уредник на неколку серии на социо-теориски книги. Главен фокус на неговото истражување е врската на биополитиката и нормативноста, аплицирани на историјата на социјалистичка Југославија и југословенската кинематографија. Петар Милат е и директор на Филмскиот фестивал за човекови права во Загреб.

Повеќе информации за учество на семинарите на следниот линк.