Здружението на граѓани „Младите можат“ повикува на учесници за едночасовен тимски предизвик, преку кој учесниците на креативен и интересен начин ќе научат за тимска работа, комуникациски вештини, лидерство и доверба. Настанот ќе се одржи во паркот Франкофонија, на 25 јуни (сабота), во 18 часот.
„„Токсична материја” мистериозно се појавува во градскиот парк (парк Франкофонија). Опасноста е се поголема, а времето се пократко! Биди и ти дел од “специјалната единица” која ќе го спаси паркот од експлозија. Искористи ја својата храброст, креативност и упорност бидејќи твојата улога ќе има голем придонес за спасување на паркот“, пишува во повикот.
Учесниците ќе имаат за задача да бидат дел од „специјалната единица” кој има задача да ја пренесе „токсичната материја” на безбедно.
Заинтересираните можат да се пријават на следниот линк.
Пријавувањето трае до 23 јуни, една минута пред полноќ. Можат да се пријават сите млади од 16 до 22 години.
За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на info@youthcan.org.mk или на нашата Фејсбук фан страница.