Второто издание на „Центар за Интердисциплинарни Активности“ ќе се одржи од 15-18 јуни во с.Растојца, Демир Хисар. Учесниците ќе имаат можност да креираат и бидат дел од програма исполнета со: работилници, мастер класови, филмски проекции, музички настапи, активности во природа и останати несекојдневни искуства.
Учеството на настанот е бесплатно. Организаторот обезбедува храна за целиот престој на учесниците и превоз од Битола или Демир Хисар до локацијата на настанот. Местата се ограничени и организаторот го задржува правото да ги исконтактира само селектираните учесници.
Заинтересираните за учество треба да го пополнат формуларот достапен на следниов ЛИНК.
Настанот е организиран од „Опиум филм“ со поддршка од Министерство за култура и Витаминка. Во соработка со Beach Film Festival Ohrid, Кинотека на Македонија Кино Балкан, Macedonian Festival for Alternative Photography – Zrno. Повикот е отворен до 20 мај 2023.
За повеќе информации може да се обратите на: iacentarmk@gmail.com.