Министерството за надворешни работи на Јапонија и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) ја претставуваат програмата за младинска размена „Западен Балкан се среќава со Јапонија: Мост кон иднината“.
Како што објаснуваат од RYCO, оваа програма ќе се одржи од 4-10 декември 2024 година и овозможува 14 студенти на додипломски или постдипломски студии, на возраст од 20 години или повеќе, од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија да аплицираат за оваа можност за личен и професионален развој.
„’Западен Балкан се среќава со Јапонија: Мост кон иднината’ е програма за младинска размена, организирана под програмата MIRAI (Mutual understanding, Intellectual Relations and Academic Exchange Initiative) од 2018 година, со цел да се продлабочи разбирањето на учесниците од Западен Балкан за Јапонија и нејзината политика, да се промовира меѓусебното разбирање и помирување преку интелектуална и културна размена и да се изгради основа за идно пријателство и соработка меѓу Јапонија и Западен Балкан“, стои во повикот на RYCO.
Од таму известуваат дека рокот за пријавување истекува на 10 јули (среда) во 23:59 CET. Заинтересираните кандидати можат да се пријават преку пополнување на овој формулар.
Подобни апликанти:
- Да бидат тековни студенти на додипломски или постдипломски студии и да бидат на возраст од 20 години или повеќе на пристигнување во Јапонија;
- Да живеат во една од шесте договорни страни на Западен Балкан и да поседуваат пасош издаден од една од ЗБ6 (Апликанти кои имаат јапонско државјанство НЕ се подобни);
- Да имаат добро познавање на англискиот јазик;
- Да бидат мотивирани да информираат за знаменитостите на Јапонија преку разни комуникациски алатки, со добри академски постигнувања и социјален активизам;
- Да не учествувале во размена или слични програми на Владата на Јапонија ниту да живееле во Јапонија;
- Да го почитуваат духот на помирување и соработка на Западен Балкан;
- Да поседуваат валиден пасош;
- Пожелно е апликантите да имаат интерес за Јапонија или да биле вклучени во студии или активности поврзани со Јапонија;
- Пожелно е апликантите да имаат докажано искуство во области како што се справување со минатото, помирување, регионална соработка и/или меѓукултурно учење.