Фондацијата iVote распишa повик за учесници во проектот „Зајакнување на млади лица со попреченост преку обуки и поддршка на ИТ вештини“, финансиран од УСАИД.
Учеството во проектот опфаќа :
– следење на онлајн обуки од областите: „меки“ вештини, како и обуки за стекнување на бизнис и ИТ вештини;
– дел од учесниците ќе добијат можност за обука во компанија;
– дел од учесниците ќе бидат поддржани да добијат работа.
Работниот јазик на обуките ќе биде македонски и албански за обуките кои се од областа на „меки“ вештини и бизнис вештини и англиски јазик за обуките од областа на ИТ вештини.
Условите за учество се следните:
– Возраст од 15 до 35 години
– Завршено најмалку средно образование (редовно или посебно училиште). Лица кои се ученици во средно училиште можат да се пријават на повикот
– Основни познавања на англиски или друг странски јазик
– Основни компјутерски вештини
– Интерес за развој на ИТ вештини
Краен рок за пријавување е 30.11.2016 година преку онлајн апликацијата достапна на следниот линк.