Здружението Студентска организација „Излез“, во рамките на проектот „Млади информирани, млади активирани“, објавува повик за вклучување на 8 младински работници од Скопје, Велес и Куманово во улога на дисеминатори/ информатори за потребите на проектот.
Оваа фаза од проектот предвидува информирање на 2880 средношколци од 12 средни училишта во град Скопје, општина Велес и Куманово за граѓанскиот сектор и начинот на вклучување во истиот преку 144 информативни сесии спроведени од 8 младински работници со искуство во граѓанскиот сектор.
Секој дисеминатор ќе има за задача да спроведе 18 информативни сесии во средни училишта во својот град, со цел да ги информира средношколците за граѓанскиот сектор и начините на вклучување, како и да ги поттикне да се вклучат во истиот. За успешно спроведениот работен ангажман предвиден е паричен надоместок.
Сите кандидати потребно е да имаат искуство во граѓанскиот сектор, односно да се членови на граѓански организации најмалку една година, да имаат едногодишно искуство во работа со млади и да се жители на Скопје, Велес или Куманово.
Заинтересираните можат да се пријават за вклучување во проектот со испраќање на својата кратка биографија и пополнета апликациска форма на redakcija@izlez.mk најдоцна до 21.08.2015. (23:59).
„Млади информирани, млади активирани!“ е партнерски проект на Студентската организација „Излез“, ЗГ Младите Можат – Скопје, Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Центар за меѓукултурен дијалог – ЦИД. Проектот се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено Општество Македонија – ФООМ. Проектот „Млади информирани, млади активирани“ има за цел да го зголеми/ подобри нивото на информираноста кај средношколците преку нивно вклучување во граѓански иницијативи.