„Младите можат“, по трет пат го најавува проектот „Make a change: Be a VOLUNTEER! Vol. 3” („Направи промена, биди волонтер“).
Целта на проектот е јакнење на заедницата преку вклучување на млади луѓе во процесот на волонтирање. Младите преку серија обуки ќе научат за концептот на волонтирањето, за тоа што е лидерство и тимска работа, да се стекнат со вештини за работа во тим за потоа тие самите, поделени во тимови, да иницираат промени во својата заедница.
Повикот е наменет за сите средношколци и студенти на возраст од 16 до 22 години, кои имаат мало искуство или воопшто немаат искуство во граѓански сектор и во спроведување на волонтерски акции.
Деталите и апликацијата може да се најдат на следниот линк.
Рокот за аплицирање е 15.11.2015 до 23:59 часот.