Повик за учество во програмата за младински работници на КРИК

Во периодот од март до декември 2016 година во Скопје, Центарот за младински активизам КРИК спроведува програма за младински работници. Програмата ќе се одвиваат во 4 циклуси.

Прв циклус – обуки за младинска работа

Ова е циклус од девет обуки (наведени подолу во повикот) наменети за младински работници кои ќе се одвиваат во период март-мај 2016. На овие обуки учесниците ќе стекнат знаење, техники и вештини за спроведување на различни видови на младинска работа. Оваа година, фокусот на обуките е на работа во мешани групи (млади со типичен развој и млади со попреченост или помалку можности). Обуките ќе ги водат обучувачи – експерти во областа.

Втор циклус – планирање и подготовка на младински програми

Вториот циклус, учесниците ќе се поделат во тимови по двајца и ќе работат на подготовка на младински програми кои ќе ги спроведат во месец септември. На секој тим ќе му биде доделен ментор кој ќе им помогне да ги подготват програмите. Врз основа на стекнатото знаење и претходно искуство учесниците заедно со менторите ќе подготват тема на работа и целна група со која ќе работат понатака. Овој циклус се одвива во период мај-јуни 2016.

Трет циклус – можност за учество на Европски образовни програми за мобилност

Како дел од програмата Еразмус + Крик е партнер на разни обуки и размени кои се одвиваат на Европско ниво. Во лето, бројот на настани е поголем. Учесниците ќе имаат можност да учествуваат на некој од настаните (зависно од можностите). Овој циклус ќе се одвива во текот на летниот период.

Четврт циклус – теренска работа

Последниот циклус е период каде учесниците во пракса го спроведуваат наученото во текот на претходните циклуси. Ова е теренска работа, каде што учесниците ги реализираат своите програми. Откако учесниците ги подготвија своите програми заедно со менторите, во месец септември работиме на контактирање на институции/организации и формирање на групите. Понатака учесниците продолжуваат кон имплементација на програмите. Менторите се присутни постојано за понатамошна поддршка. Овој циклус ќе се одвива од месец септември до месец декември 2016.

По завршувањето на обуките, учесниците имаат можност да продолжат со работата или понатаму да развиваат нови проекти и програми во склоп со годишните активности на организациите.

Критериуми:

  • Учесниците треба да имаат над 18 години
  • Учесниците треба да имаат основно познавање на младинската работа
  • Учесниците треба да имаат реализирано барем 1 активност (обука, работилница, настан и сл.) со млади наменета за нивен личен и социјален развој.

Учеството на обуките е задолжително, дозволено е отсуство на максимум 2 обуки. Ова се датумите за обуките од првиот циклус:

Обука 1 – 26.03.2016 сабота: Информации за целата програма. Мотивација и личен идентитет.

Мила Карадафова и Ирена Крстева од Цма Крик.

Обука 2  – 27.03.2016 недела: Основи и типови на младинска работа.

Мила Карадафова и Ирена Крстева од Цма Крик.

Обука 3 – 02.04.2016 сабота: Работа со индивидуалци, групи и Street Based Youth Work.

Драган Атанасов од Креактив и Даниел Џон Картер од Project 2020, Велика Британија.

Обука 4 – 09.04.2016 сабота: Разрешување на конфликти и посредување.

Драган Атанасов од Креактив.

Обука 5 – 10.04.2016 недела: Воспоставување на комуникација и доверба на младинскиот работник со групата.

Мила Карадафова и Ирена Крстева од Цма Крик.

Обука 6 – 16.04.2016 сабота: Социјална инклузија.

Ирена Крстева и Мила Карадафова од Цма Крик.

Обука 7 – 23.04.2016 сабота: Работа во мешани групи (ментална, сензорна и физичка попреченост).

Ирена Крстева и Мила Карадафова од Цма Крик.

Обука 8-24.04.2016 недела: Подготовка и адаптација на програми 1.

Ирена Крстева и Мила Карадафова од Цма Крик.

Обука 9 –07.05.2016 сабота: Подготовка и адаптација на програми 2.

Ирена Крстева и Мила Карадафова од Цма Крик.

Обука 10-08.05.2016 недела: Презентација на програми за финансирање кои постојат во Република Македонија и финална евалуација и затворање на првиот циклус.

Ирена Крстева од Цма Крик.

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани за учество на оваа програма треба да аплицираат со пополнување на апликациската форма на овој линк:

https://docs.google.com/forms/d/1-GI3PvN9msjCBqBcSjr7BgEizW0T9nPFi7HI29jZ5xA/viewform?c=0&w=1

Партиципација за целата долгорочна програма 1000 мкд. Партиципацијата се подмирува максимум до втората обука. Повикот е отворен до петок, 18 март. Апликациите примени по завршување на рокот нема да се земени предвид за селекција.

За дополнителни информации може да се  контактира на infokrikcenter@gmail.com .