Повик за учество во првата генерација на Школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА

Центарот за европски развој и интеграција објавува повик за учество во првата генерација на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА.

Повик за учество во првата генерација на Школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА

Повикот е отворен за сите кандидати на возраст од 18 до 26 години од подрачјето на Општина Битола. Школата ќе се реализира во периодот од 10.11.2014 – 15.04.2015 и ќе се состои од теоретски и практичен дел, кои ќе се реализираат еднаш неделно во траење од два часа. Преку учеството во школата учесниците ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења во областите на:

– Процес на креирање и имплементација на јавните политики на локално и регионално ниво

– Европска Унија – институции и политики и нивното влијание врз политичкиот систем на Р.Македонија

– Процес на интеграција на Р.Македонија во ЕУ и можностите што тој ги отвара за локален и регионален развој

– Предизвиците за човековите права во 21-от век

– Основи на персонален и деловен стратегиски менаџмент

– Маркетинг и интернет маркетинг

– Управување со граѓански организации

Преку практичниот дел на школата учесниците ќе имаат можност да ги усовршат своите вештини за:

– јавно презентирање и говорење

– застапување и лобирање

– проектно планирање

– користење на бази на податоци од јавен карактер

Во школата ќе може да земат учество 30 кандидати, а предавањата ќе бидат реализирани од  истакнати академски работници и експерти од општествениот и реалниот сектор.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на адресата cedi.mk@gmail.com со назнака – АПЛИКАЦИЈА ЗА ПОЛИТЕА – најдоцна до 05.11.2014.

По завршувањето на рокот за пријавување селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Центарот за европски развој и интеграција и партнерите вклучени во проектот ги сносат сите финансиски трошоци поврзани со реализацијата на школата. По завршувањето на Школата, учесниците ќе се стекнат со сертификати за учество.

Извор