ФОН Универзитет го отвори повикот за учество на првиот натпревар во ораторство од јавен карактер во организација универзитетот. На него може да учествуваат сите студенти кои студираат на акредитирани високобразовни установи во земјава, а краен рок за пријавување е 21 март.
Студентите ќе се натпреваруваат во две дисциплини- подготвен говор и импровизиран говор. Тематза подготвениот говор е „Бедна е онаа правда, која мора да се правда“.
Правила и начини за подготовка на ваквиот говор:
- Говорот и импровизацијата ќе бидат на македонски јазик;
- Говорникот мора да подготви оригинален говор кој е информативен, интересен и убедлив;
- Текстот на треба да содржи повеќе од 10% цитати;
- За време на говорот се користат белешки кои му помагаат на говорникот, но цитатите кои се користат не смеат да се читаат;
- Кога натпреварувачот ќе заврши со својот говор останува во просторијата за да ги ислуша говорите на останатите учесници;
- Максималната граница на говорење изнесува 5 минути;
- Сите говори ќе имаат 15 секунди грејс период почнувајќи од моментот кога е даден стоп сигналот. На крајот од 15-те секунди говорникот ќе биде запрен од страна на судијата и сето она што е кажано потоа нема да се земе во предвид.
Правила за импровизиран говор:
- Темата за импровизиран говор се дава 15 минути пред да биде презентиран говорот;
- Кандидатите се повлекуваат во простории каде ќе можат самостојно да се подготват;
- Говорот мора да биде оргинален што би значело, истиот да информира, да забавува или да уверува;
- За време на прензетирањето на импровизираниот говор, кандидатот може да ги користи сопствените белешките, но не смее да биде очигледно читањето од истите тие белешки:
- Говорникот кој ги користи белешките не треба да биде казнет за истото, доколку ги следи критериумите од претходното правило ( правило 4);
- Кога кандидатот ќе заврши со својот говор им се приклучува на останатите говорници;
- Максималното време за говор е 3 минути, со тоа што не постои минимум ограничување на времето;
- Сите говорници имаат 15 секунди грејс период, почнувајќи од моментот кога стоп сигналот е веќе даден. На крајот на овие 15 секунди, претседавачот вербално ќе го прекине говорникот и судијата ќе занемари се она што ќе биде кажано дополнително.
Говорниците треба да го пополнат формуларот за електронско аплицирање кој е составен дел од овој конкурс, по што стручна комисија ќе избере 12 најдобри говорници кои ќе учествуваат на ораторската вечер. Формуларот може да се пополни на овој линк: http://www.fon.edu.mk/novost.aspx?ln=mk&cid=264 .
Пријавите треба да бидат доставени најдоцна до 21 март 2016 г.
Натпреварот ќе се одржи 14 април во 18:30 часот, во свечениот амфитеатар на ФОН Универзитет. Најдобрите тројца студенти ќе бидат наградени со стипендии за школарина од ФОН Универзитет за прв и втор циклус на студии, награди од Генералниот покровител на настанот винарија Стоби и од спонзорот – Издавачка куќа Култура. Вкупниот фонд на награди за говорниците изнесува 20.000 евра. Целиот настан ќе биде стримуван во живо преку radiomof.mk како и прикажан на националните телевизии.
Дополнителни информации може да се добијат на 02 2 44 55 03 или на elena.karovska1@fon.mk .