За успешна реализација на финалето на УЕФА Супер купот, што ќе се одржи во „Телеком арена“ на 8 август во Скопје , потребен е голем број на волонтери. За таа цел е објавен јавен повик на кој заинтересираните треба да го потполнат прашалникот на следниов линк.
Секој волонтер ќе добие рекламен материјал (маица, капче) како и благодарница за волонтирање. Волонтерите треба да се постари од 16 години и да исполнат одредени услови кои се наведени во апликацијата.
Ова е можност за младите лица да се стекнат со незаборавно искуство во фан зоните на двата најголеми фудбалски клубови во светот.
Рок за пријавување на волонтери е до 10 јули 2017 година.