Хелсиншкиот комитет во рамките на проектот „Мапирање, анализирање и превземање мерки против говор на омраза во Република Македонија“ поддржан од Национален фонд за демократија (National Endowment for Democracy – NED) од Соединетите Американски Држави, објави повик за формирање на правно-политички тим за следење на говорот на омраза за претседателските и предвремените парламентарни избори во Република Македонија.
За таа цел Комитетот има потреба од двајца правни и четворица политички аналитичари кои ќе бидат ангажирани исклучиво за следење на престојните избори.
Кандидатите треба да имаат завршено високо образование во правни или политички науки, да го познаваат правно-политичкиот систем на Република Македонија како и меѓународната и националната законодавна рамка и механизми за заштита од говор на омраза. Задолжително е познавање на англиски јазик и работа со компјутер.
Се охрабруваат припадниците на албанската етничка заедница и на етничките заедници под 20% во Република Македонија да се пријават на повикот со познавање на јазици на немнозинските заедници покрај македонскиот јазик.
Сите заинтересирани кандидати и кандидатки да достават мотивациско писмо не подолго од 1 страница и кратка биографија (CV) на helkom@mhc.org.mk со назнака „Говор на омраза за правно-политички тим“најдоцна до понеделник, 17 март 2014 година. По завршување на огласот, Хелсиншкиот комитет ќе стапи во контакт со потесно селектираните кандидати кои ќе
бидат повикани на интервју.