Првата детска амбасада во светот Меѓаши бара волонтери/ки за активности во Волонтерскиот центар на организацијата. Социолози, психолози, социјални работници, педагози, дефектолози, правници… студенти/ки, помлади или повозрасни лица, може да достават :
– кратка биографија,
– писмо за мотивација
– диплома за завршено образование или документ за тековно образование.
Волонтирање или доброволна работа е дејствување на луѓе кои имаат добра волја да го вложуваат своето слободно време, труд, знаење и работа за добробит на заедницата без паричен надомест.
Волонтирањето е еден од најсилните елементи кои интензивно придонесуваат за демократските промени во секое општество.
Преку волонтирање се создава чувство на одговорност кон заедницата, кон децата и воопшто луѓето од сите возрасти, постојано освестувајќи ја важноста на вредностите како: солидарност, заедништво, рамноправност, ненасилство, грижа за околината итн. На тој начин работејќи за другите градиме поправедно општество и истовремено работиме и за себе.
Што е потребно за волонтирање: мотивираност, емпатија, способност за активно слушање, исполнителност, посветеност, интерес, време, јасна и недвосмислена желба за доброволна работа во која имате знаење и способности, или да сте подготвени да учите ако немате доволно познавања.
Контакт телефон: 02/2465316 или 075 451 397 од 08.00 до 17.00. Документи може да се испратат на e-mail sos@childrensembassy.org.mk со назнака ,,за повикот“ или на адреса: Прва детска амбасада во светот Меѓаши, ул. Коста Новаковиќ бр. 22а, 1000 Скопје.
Повеќе информации за работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши на веб-страницата:www.childrensembassy.org.mk