Под мотото „Трчај за бегалците“ шеста година по ред, Младински образовен форум (МОФ) во партнерство со Претставништвото на УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци во Северна Македонија и Скопски маратон отвора повик за волонтери на водна станица на овогодинешниот Скопски маратон кој ќе се одржи на 01 октомври (недела).
Денот на волонтерите започнува во 6:30 часот наутро.
Обврски на волонтерите се:
– Да пристигнат без доцнење на определената локација во Скопје;
– Логистичка помош при поделување на вода и храна на учесниците на маратонот, управување на станиците за вода и насочување на тркачите;
– Создавање на позитивна атмосфера и бодрење на учесниците на маратонот и
– Расчистување и собирање на отпадоци.
Сите заинтересирани може да се пријават со пополнување на овој формулар. Рокот за пријавување е најдоцна до 24 октомври (недела) до 23:59 часот. За сите дополнителни информации и прашања, може да се обратат на Орце Николовски, на orce_nikolovski@mof.org.mk или на 078 421 564.