Проектот “Restart” е дел од поранешното EVS “Second Chance”, кој беше имплементиран од страна на ANTER во 2014/2015. Целта на проектот е да се адресира потребата за инклузија и да се потикне позитивна свест за другите социјални категории.
Волонтерскиот ангажман е во романскиот град Крајова, од 3 ноември 2016 до 5 март 2016 година.
Волонтерот ќе работи од 10 до 16 часот, а дел од програмата е и менторството. Менторот може да му помогне на волонтерот да ги идентификува своите јаки и слаби точки во врска со неговите способности и карактер. На секој волонтер ќе му биде доделен ментор и ќе биде дел од групни и индивидуални менторски сесии.
Профил на волонтер:
- Млади на возраст од 18 до 30 години;
- Да присуствуваат целиот период;
- Заинтересирани и мотивирани да развиваат активности во рамките на проектот;
- Добро познавање на англискиот јазик;
Технички информации:
Патните трошоци ќе бидат покриени до 180 евра
Трошоци за виза 120 евра
Сместување и храна
Ќе бидат обезбедени доволно средства за храна и сместување за волонтерите. Волонтерите се одговорни да си го зготват својот оброк, тие ќе бидат сместени по двајца во соба, а станот има кујна и тоалет. Во станот исто така има интернет, фрижидер, печка и топла вода. Волонтерите ќе добиват по 100 евра за храна и 60 евра џепарлак на крајот на секој месец.
Сите заинтересирани за овој ангажман треба да испратат CV и мотивациско писмо на англиски јазик на sending@cid.mk. Крајниот рок за пријавување е 1 јуни.