На 150-тата седница, Владата на Република Северна Македонија го усвои покачување на платите во основното, средното и високото образование во Република Северна Македонија за 5% почнувајќи од исплата за септември 2019 година.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми пак е задолжен да ги потпише Спогодбите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за реализација на предвиденото покачување на платите.
Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија дополнително го задолжи министерот за образование и наука да изготви решение за новите коефициенти за покачување на платите и кај јавните високообразовни установи и јавни научни институти за 5%.
На истата владина седница е дадено позитивно мислење за новото општинско основно училиште во Општина Центар да се вика „Киро Глигоров“, а првите генерации ученици ќе ги прими во текот на претстојната учебна 2019/2020 година.