Шест средни училишта во Скопје денеска околу 14:30 часот пријавиле дека на мејл адресите добиле закани за бомби, додека околу 15 часот вакви закани до МВР пријавиле уште две училишта, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). По добиените пријави, полицијата презела мерки за безбедно евакуирање на сите осум училишта.
„Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.
Минатата недела во неколку наврати до неколку средни училишта во градот пристигнаа закани за бомби, а подоцна се воспостави дека биле лажни.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претходно посочи дека пораките со лажните пријави за бомби се пуштени надвор од државата.