Повторно гори трската на струшкото крајбрежје, еко-активистите велат дека надлежните не преземаат ништо

На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како повторно гори трската на брегот на Охридското Езеро во Струга.

Фејсбук страницата VOX Struga, покрај сликите, пишува и дека на местото забележале двајца пожарникари кои не преземаат ништо за гаснење на пожарот.

Во текот на викендот за палење на трската и градежни активности покрај езерото алармираа и од еко-здружението Охрид SOS. Во нивната објава на социјалната мрежа велат дека било известено Министерството за внатрешни работи, но оттаму добиле одговор дека не биле надлежни за проблемот.


Од Охрид SOS се револтирани што досега за оваа ситуација не реагирале ниту пратениците од регионот, ниту советниците од Општина Струга, ниту инспекторите.