Од сабота повторно во сообраќај ќе биде пуштен возот „Хелас“ кој ќе го поврзе Скопје со Солун.
Билет во еден правец од Скопје до Солун ќе чини 12,2 евра, а повратниот 19,5 евра. Според најавите во периодот од 10 мај до 10 јуни за сите патници ќе има и попуст од 30 отсто на овие цени.
Возот од Скопје за Солун ќе поаѓа во 5,15 часот наутро, а во Солун ќе пристигнува во 11,16 часот по локално време. Од Солун возот ќе тргнува во 15,5о часот, а во Скопје ќе пристигнува во 19,50 часот. Истиот воз потоа продолжува кон Белград каде пристигнува во раните утрински часови, а оттаму според возниот ред ќе тргнува во 18 часот и 45 минути.