Повторно е уапсен Ален Робер, во јавноста познат како „францускиот спајдермен” , откако без јаже денеска се искачи на облакодер во Париз. Целта на неговиот потфат била собирање пари за реновирање на познатата париска катедрала Нотр Дам.
56-годишниот Французин повеќе од сто пати се има искачено на облакодери низ целиот свет, а во Париз денеска застана на врвот на зграда висока 185 метри, по што е уапсен. Досега се има искачено и на мостот Голден гејт во Сан Франциско и Бурџ Калифа во Дубаи.
Париски надбискуп води кампања за собирање повеќе од 100 милиони евра за да го спаси Нотр Дам.