Времето изби во преден план на еден од најголемите метал фестивали на светот „Wacken Open Air“, откако организаторите беа принудени да го блокираат приемот на посетители откако обилен дожд ја претвори локацијата во кал.
Хеви метал фестивалот во северна Германија беше отворен во средата, со намалена публика откако дождот упорно правеше проблем на тлото на кое се одржува настанот.
Организаторите на фестивалот кој се одржува во селото Вакен соопштија на фановите дека повеќе нема да се примаат возила и камиони бидејќи кампинг локациите, тлото и пристапните патишта биле во лоша состојба поради дождот.
„Земајќи ги во предвид временските услови, соодветниот број на посетите на „Wacken Open Air 2023“ веќе е достигнат“, стои на вебсајтот на фестивалот.
Според соопштението ова е првпат откако фестивалот се организира од 1990 година како организаторите се принудени да блокираат фановите да присуствуваат на „Wacken Open Air“.
Првично се очекуваа околу 85.000 посетители на распродадениот настан, а полицијата проценила дека околу 50.000 луѓе успеале да стигнат до локацијата каде се одржува фестивалот пред одлуката на организаторите да престанат со примање посетители.
Меѓу бендовите кои се најавени на настанот кој трае до сабота се „Iron Maiden“, „Megadeth“ и „Helloween“.