За првпат на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе современиот балет во три слики, „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти. Ова е најнова балетска продукција на НОБ, а изведбата ќе се одржи во сабота, на 19 ноември, со почеток во 19 часот.
Приказната за „Пепелашка“ преточена во музиката на рускиот композитор Сергеј Прокофјев, е во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски.
Во улогата на Пепелашка ќе настапи Христина Наќевска, а во улогата на принцот ќе настапи Мирослав Митрашиновиќ. Самовилата ќе ја игра Саша Ефтимова, маќеата Марија Јосифовска Ристовска, а полу-сестрите Ендру Кук (Англија) и Кристијан Јангос.
Во улога на таткото се јавува Драган Кочоски, додека Гала Кочевска ќе ја игра малата Пепелашка.
Дизајнот на звукот е на Георг Драушник (Хрватска), асистенти-кореографи се Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија), а репетитори се Саша Евтимова и Билјана Пашариковска.
Ќе настапат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.