Прашалник за истражување на „Родовата сензитивност кај младите НВО активисти“

Како дел од активностите на академијата за млади истражувачи спроведена од Friedrich Ebert Stiftung (FES), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) и Институт за социолошки и политичко правни истражувања (ИСППИ), претставник од Младински образовен форум, спроведува истражување на тема: „Родовата сензитивност кај младите НВО активисти во Р. Македонија“.

UntitledПрашалникот можат да го пополнат лица на возраст од 15-29 години, кои работат или се активни членови во некоја невладина организација во Република Македонија.

-Во анкетниот прашалник, се бара личен став од испитаниците, без разлика на моменталната општествена ситуација. Сите одговори се релевантни и нема грешни одговори. Пополнувањето на прашалникот не одзема повеќе 5 минути, а учеството е доброволно и анонимно. Добиените податоци ќе бидат користени само за целите на истражувањето, посочуваат младите истражувачи.

Прашалникот можете да го најдете на следниот ЛИНК.