Во претстојниот период, Младински образовен форум (МОФ) ќе работи на мапирање на младинските организации / организациите за млади, со цел да понуди поддршка во вид на обуки и вмрежување и за таа цел објави прашалник преку преку кој ќе се идентификуваат потребите на младинските организации во однос на нивното секојдневно работење, како и долгорочните планови.
Прашалникот може да го пополните на следниов ЛИНК.
Дополнително, преку оваа иницијатива, организациите ќе имаат можност да бидат поврзани со меѓународни организации со цел вмрежување, партнерство, менторство или споделување на искуство.
Оваа иницијатива се спроведува во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници во партнерство со МОФ и Центар за развој на менаџери и претприемачи (CEED Hub) Скопје.
Организациите што ќе ја пополнат формата ќе бидат контактирани во текот на наредните месеци со можност за посета на обука во некоја од избраните области.
Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/МОФ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).