Младински образовен форум спроведува Истражување на стапката на успех на доделените државни стипендии од Министерство за образование и наука, наменети за студенти кои се примени на првите 100 универзитети според Шангајската Листа.
Во рамките на ова истражување спроведуваме анкета која има за цел да го испита степенот на информираност на младите за постоењето и имплементацијата на оваа стипендија, како и потребата и корисноста на истата.
Вашите сознанија ќе ни бидат од голема помош за добивање целосна слика за фактичките придобивки од оваа стипендија за младите од една страна, како и за целокупниот образовен систем и пазар на трудот од друга страна. Анкетата е анонимна, а вашите одговори ќе се користат исклучиво за истражувачките цели.
Прашалникот е достапен на овој ЛИНК.
Ова истражување е поддржано од Фондацијата Отворено Општество Македонија.